In memoriam: Почина Златко Богданоски вработен во Општина Струга
Денеска ненадејно почина 53 годишниот Златко Богдановски од Луково, починал како последица на срцев удар додека бил на работа во Општина Струга.
Екипите на Итна помош веднаш пристигнале на местото на настанот и се обиделе да му ја пружат потребната медицинска помош, но за жал не можеле да му го спасат животот.
Од Општина Струга изразија длабока жалост за веста за заминувањето од овој живот на нивниот колега, Златко Богданоски, посветен вработен во Општина Струга. Неговата загуба е e голема за сите оние што имаа чест да го познаваат и да соработуваат со него.
-Во мое лично име и во име на Општина Струга, им изразувам на семејството и најблиските најискрени сочувства. Златко ќе биде запаметен по неговата смиреност, коректност и посветеност што го карактеризираа секој негов работен ден, изрази сочуство градоначалникот Менди Ќура.
StrugaOnline

