Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга – причините и штетата ќе се утврдуваат дополнително

- Локални, Хроника
629

Пожарот што утрово избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга е целосно изгаснат, а причините што го предизвикале и настанатата материјална штета допрва ќе се утврдуваат.Во пожарот нема жртви и повредени лица, огнот зафатил еден од дуќаните во објектот.

Пожарот во ТППЕ Струга бил пријавен околу 9:30 часот, по што на местото интервенирале 11 пожарникари со три противпожарни возила.

Од видеата објавени на социјалните мрежи можеше да се види како од Безистенот, кој функционира како трговски центар, излегува густ црн чад.

Фото/принтскрин: Никола Кукунеш

Видео: Никола Кукунеш

StrugaOnline

Facebook Коментари