На 22.12.2024 во 23.20 часот на магистралниот пат село Франгово – Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода М.Х.(39) од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело по член 297 А од Кривичниот законик „безобзирно управување со моторно возило” и агресивно однесување и В.Ч.(52) од Република Албанија затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. М.Х., управувајќи патничко моторно возило „фолксваген пасат” со албански национални ознаки, излетал од патот, по што двајцата агресивно се однесувале кон полициските службеници кои пристигнале на местото на незгодата.
Увид извршила екипа од ОВР Струга и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари