Контроли на пловни објекти во езерото, кај седум лица утврдено присуство на алкохол
Викендов (05/06.07), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” при регионалниот центар „Запад”, како и инспектори од Капетанија на пристаништата Охрид, реализираа засилени акциски мерки согласно Законот за внатрешна пловидба.
Притоа, во водите на Охридското езеро, кај 13 пловни објекти и 13 лица констатирани се 22 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, при што: три лица се затекнати при управување скутер за време на забрана, евидентирани се седум случаи на управување на пловен објект без пловидбена дозвола, како и пет случаи на управување без стекнато уверение за управување пловило. Исто така, алкотестирани се вкупно 16 лица и кај 7 лица е утврдено присуство на алкохол во крвта.
Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

