
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 15 – годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
При контрола извршена на улицата „15 Корпус” во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа хероин.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари