Кривична пријава за 31-годишен стружанец, извршил тешка кражба

- Хроника
1331

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(31) од Струга.

Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од осми до четиринаесетти јули оваа година, во куќа сопственост на С.Л. од Струга, при што противправно присвоил: 700 евра во разни апоени, 5500 денари и 22 американски  долари.

Д.М. во куќата влегол со оригинален клуч што го пронашол  под цергата пред влезната врата, потоа извршил пребарување низ собите, ги пронашол парите и на излегување повторно ја заклучил влезната врата од куќата.

Извор: СВР Охрид

Фото: Архива

Facebook Коментари