Лев банер Десен банер

Кривична пријава за бесправно градење во селото Велестово

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Т. (53) од Охрид и Е.Д.Г. (44) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Според информациите од полицијата, пријавените, во својство на инвеститори, започнале со изградба на објект на катастарска парцела во охридското село Велестово, иако биле свесни дека не поседуваат соодветна градежна дозвола издадена од надлежен државен орган.

По извршена контрола на 17 декември 2025 година, надлежните констатирале дека објектот се гради без одобрение од инспектор од Одделението за инспекциски надзор. Поради тоа било изготвено решение за отстранување на бесправно изградената градба.

Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: