ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(31), од Република Германија, А.Д.(25) од Сенегал, Ш.Т.(25) од Турција и македонскиот државјанин Е.Д.(28) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ спречување на службено лице во вршење на службено дејствие” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”.
Тие, кривичните дела ги сториле на 19.04.2025 година на фудбалски натпревар кој се играл во Струга при што, со влечење, оттурнување и со физички напад, ги спречувале полициските службеници да преземаат службени дејствија по нарушен јавен ред и мир со тепачка.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари