Лев банер Десен банер

Кривична пријава за лице од Прилеп со привремен престој во Струга за „предизвикување општа опасност“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.В.(58) од Прилеп, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривичноо дело „предизвикување општа опасност“.

На 04.10.2025  на место со див отпад во Струга, пријавениот предизвикал пожар на тој начин што запалил кабли. Тој сам го изгаснал пожарот, но бил затекнат на местото и бил лишен од слобода, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: