Kривична пријава за охриѓанец кој нападнал полицаец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.А. (27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „загрозување на сигурноста”.
На осми овој месец во Охрид, при контрола на возилото на пријавениот, истиот му упатувал закани, а потоа и физички го нападнал полицискиот службеник, по што пријавениот бил лишен од слобода и од страна на судија од надлежен суд му била одредена мерка притвор во траење од осум дена.
извор: МВР
фото: архива

