Кривична пријава за охриѓанец кој си ја претепал сестрата

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 26-годишниот Ф.К. од Охрид.
-Пријавениот, казненото дело го сторил на четврти овој месец, во 08:30 часот, во семејна куќа на улицата „Бекир Али Риза“. Тој физички ја нападнал својата сестра влечејќи ја и гребејќи ја со раце, со што и нанесол повреди изразени во греботини и отоци на рацете, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид
фото: архива

