Лев банер Десен банер

Кривична пријава за охриѓанец кој возел со 2,41 промили алкохол

На 09.07.2026 во 18:39 часот, на магистралниот пат Охрид-Подмољје, лишен од слобода е С.С.(47) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фиат” со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа кај него констатирале 2,41 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило”.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: