Кривична пријава за Охриѓанец – на својата мајка и се заканувал со нож

- Хроника
953

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Т.С. (43)  од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 13-ти минатиот месец околу 03 часот минути во семејниот дом во Охрид. Тој, ја разбудил неговата мајка и со нож во рака, започнал да ја навредува упатувајќи и сериозни закани по нејзиниот живот. Во еден момент, Т.С. и го ставил ножот под вратот и продолжил со навредите и заканите кон својот родител со што предизвикал силно чувство на страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената.

Извор: СВР Охрид

 

Facebook Коментари