Кривична пријава за охриѓанец, управувал возило иако имал впишана мерка „забрана за управување возило“
Вчера (01.02.2026) во 17:00 часот на улицата „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид сопреле патничко возило “бмв” со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(44) од Охрид, а по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал со впишана заштитна мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија“. Известен е јавен обвинител, возилото е одземено и по документирање на случајот, против Ј.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило“, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

