Лев банер Десен банер

Кривична пријава за охриѓанка за бесправно градење и узурпација во Велгошти

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р. (40) од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Според информациите од полицијата, пријавената на катастарска парцела во државна сопственост, лоцирана во атарот на селото, без соодветно одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа.

По извршените проверки и констатираната состојба на терен, овластен градежен инспектор изготвил решение за отстранување на бесправно изградените објекти, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: