Лев банер Десен банер

Кривична пријава за стружанец поради лажно пријавување изгубена возачка дозвола

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Р. (25) од струшката населба Тефериќ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“.

Според информациите од полицијата, пријавениот во Отсекот за управни работи лажно пријавил дека ја изгубил својата возачка дозвола. Иако во тој момент имал активна забрана за управување со моторно возило, тој поднел барање за издавање нова возачка дозвола.

Со ваквото постапување, како што информираат од надлежните, Л.Р. се обидел да ја заобиколи законската забрана и да се стекне со нов документ.

По целосно документирање на случајот, против него ќе се води понатамошна постапка согласно законските прописи, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: