Кривична пријава за вршење јавен превоз без лиценца за лице кое управувало импровизиран „воз“ во Охрид

- Локални, Хроника
854

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(59) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”.

На 19.06.2025 полициските службеници констатирале дека тој на пешачка зона на кеј „Македонија” неовластено управува импровизирано возило „воз” со четири вагони во кои се превезувале повеќе малолетни лица, односно не поседувал извод од лиценца за конкретното импровизирано возило „воз”,  согласно Законот за превоз во патниот сообраќај.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари