Кривична пријава за затајување во Струга – изнајмил возило и не го вратил
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.К. (38) од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Според информациите од полицијата, пријавениот на 28 декември 2025 година од Е.Џ. од Струга изнајмил патничко моторно возило за времетраење од три дена. Тој извршил уплата само за првиот ден од изнајмувањето, но по истекот на договорениот рок возилото не го вратил на сопственикот.
Со ваквото дејствие, Ф.К. го оштетил Е.Џ. за износ од 240.000 денари. Против пријавениот е поднесена соодветна кривична пријава, а надлежните органи преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

