Лев банер Десен банер

Кривична пријава за жител на Делогожда, затекнат да врши такси-превоз без лиценца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Д.(36) од струшкото село Делогожда поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца” по член 284-а од Кривичниот законик. При контрола извршена на 10.09.2026, полициски службеници од СВР Охрид го затекнале пријавениот при вршење такси превоз на патници во внатрешниот сообраќај со неговото возило „фолксваген голф” со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека немал лиценца за вршење на јавен превоз на лица за возилото.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: