Кривична пријава за жител на струшко поради мачење животни и предизвикување опасност
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(45) од с.Ливада, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „убивање и мачење животни“. На 27.03.2026 на патот с.Ливада – с.Биџево, Б.Д. и уште едно се движеле со возило и со нив имале и куче од расата „Кангал“, кое го држеле со ремен преку прозор и го шетале со возилото, а кога пристигнале во близина на дворот на Љ.Д. во с.Биџево, пријавениот го пуштил кучето слободно, кое го нападнало кучето на Љ.Д. од расата „Миник“ и го усмртило.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

