Кривична пријава заработи малолетно лице поради нанесена телесна повреда на својот татко

- Хроника
1167

 

Поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело ,,телесна повреда”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против малолетно лице родено 2002 година од кочанското село Оризари.

Малолетникот, казненото дело го сторил на деветти јуни оваа година во 19 часот и 50 минути во стан во Охрид каде привремено престојувал со неговиот татко.  Тука настанала меѓусебна вербална расправија во која малолетникот физички го нападнал својот татко Г.И. удирајќи го со тврд предмет. Од ударите, оштетениот се здобил со видливи повреди во пределот на левото уво.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари