Кривична за стружанец, со фалсификат испратница извршил превоз на огревно дрво

- Локални, Хроника
1447

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(52) од струшкото село Мислодежда и против правен субјект со седиште во струшкото село Ново село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик „Фалсификување исправа”.

На 17.02.2025 година, пријавениот С.М. во својство на потписник на правниот субјект, неовластено и спротивно на членот 70 од Законот за шуми, изготвил фалсификат испратница за превоз на дабово и буково огревно дрво од складот на правниот субјект до Скопје и внел лажни податоци за потеклото на дрвната маса и основот за превоз по што, се потпишал во име на овластен шумски инжинер, без негова согласност.

При контрола на товарното возило кое вршело транспорт на огревното дрво, тим од полициски службеници и шумска полиција, откако утврдиле фалсификувана исправа и бесправна сеча, го одзеле возилото со вкупно 34 метри просторни огревно дрво.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари