Лев банер Десен банер

Лице од Радожда приведено поради нарушување на јавниот ред и мир

На 04 февруари 2026 година, во 21 часот, во струшкото село Радожда, полициски службеници лишиле од слобода лице по пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Станува збор за К.С. (33) од Радожда, кој, според пријавеното, се однесувал агресивно кон М.М. и членовите на неговото семејство, при што извршил и оштетување на нивната куќна ограда.

По преземените мерки и целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: