Лице во инвалидска количка потешко повредено во сообраќајна незгода на улицата „Партизанска“ во Струга

- Локални, Хроника
470

На 03.05.2025 година во полициската станица Струга е пријавено дека околу 11.25 часот на улицата „Партизанска” во Струга, автобус марка „Мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Л.(52) од Охрид удрил во лице со инвалидска количка  – С.Ч.(66) од Струга.

Во несреќата С.Ч. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид каде што е задржан за натамошно лекување.

Известен е надлежен ЈО, и бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари