Лишен од слобода возач од Струга, управувал возило под дејство на алкохол

- Локални, Хроника
140

На 13.09.2025 во 03:40 часот на пресекот на булевар „Железничка“ со улица „Егејска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Л.Л.(43) од Струга.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и при извршено алкотестирање, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,88 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари