Месната заедница од село Брчево со апел за масовен одзив за пронаоѓање на нивниот соселанец Крсте Маркоски-Кече

- Локални, Хроника
704

Веќе трет ден како е исчезнат и се трага по Крсте Маркоски-Кече од селото Брчево, од месната заедница од селото Брчево со апел за масовен одзив за пронаоѓање на нивниот соселанец Крсте Маркоски-Кече.

Апелот го пренесуваме во целост:

„Сигурно многумина разбраа за веста дека нашиот соселанец Крсте Маркоски-Кече е исчезнат од неделата попладне во атарот на Село Брчево.
Во меѓувреме се трага по него но засега безуспешно, упатуваме АПЕЛ до секој кој е во можност посебно ловци, планинари, велосипедисти и сите кој го познаваат теренот околу Село Брчево да се вклучат денес во потрага по нашиот соселанец.
Брчевчани секогаш биле тука во добро и лошо па се надеваме на масовен одзив би било добро да се сподели оваа објава со што повеќемина би биле известени посебно нашите пријатели од околните села.
Од голема полза и помош би било сите ловци денешниот ловен ден место за лов да го заменат за потрага по исчезнатото лице„.

Вчера официјално и СВР Охрид излезе со соопштение во врска со изчеснувањето:

На 21.10.2024 во 16.45 часот во ОВР Струга е пријавено дека К.М.(60) од Струга, претходниот ден излегол да собира печурки во планината кај струшкото село Брчево, но не се вратил во неговата викенд куќа во истото село и дека со него не можат да воспостават телефонска комуникација.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

StrugaOnline

Facebook Коментари