МВР: Претрес во Делогожда, пронајдени ловечки пушки и муниција

- Локални, Хроника
250

На 12.03.2025 во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Џ.Д.(71) од с.Делогожда, струшко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321″ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи” со швајцарски национални ознаки, кое било паркирнао во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 „Црвена Застава”, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57 што нелегално ги поседувал.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари