Лев банер Десен банер

МВР: Во вчерашната сообраќајка кај „Мислешески пат“ повредени се четири лица, од кои тројца се полициски службеници

На 10.02.2025 околу 17.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата од ул. „Мислешески пат“ и ул. „Едвард Кардељ“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.А.(51) од Струга и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(28) од Скопје, сопственост на МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Д.Ј.(30) од с.Младо Нагоричане, кумановско, (двајцата полициски службеници) констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, додека со телесни повреди се здобил уште еден полициски службеник – Д.К.(27) од Скопје и возачот М.А., констатирани во Општа болница Струга.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Извор: МВР, фото: архива

StrugaOnline

error: