Лев банер Десен банер

На магистралниот пат Струга–Подмољје, приведена 42-годишна жена од Охрид поради управување возило со активна забрана

На 11 февруари 2026 година во 12:30 часот, на магистралниот пат Струга–Подмољје, во близина на Струга, полициски службеници од ОВР Струга ја лишиле од слобода К.В. (42) од Охрид.

Како што информираат од полицијата, при редовна сообраќајна контрола било сопренo патничко моторно возило „фиат“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувала 42-годишната жена. При извршената проверка било констатирано дека таа имала активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

Лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, од Стефан Димски од СВР Охрид најавува дека ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: