На плажа во Струга со која стопанисувал лично, денес е смртно застрелан Дилавер Бојку. Нападот се случил околу 17:00 часот на плажата „Аква-Блускај“ во центарот на Струга.
– Со тешки повреди Бојку е префрлен во струшката болница. Од полицијата засега не соопштуваат детали, а во тек е формирање на полициски истражен тим кој ќе работи по насоките на обвинителот задолжен за истрагата, јави телевизија Телма.
Според првичните информации, Бојку им подлегнал на повредите од огнено оружје.
Извор: Телма
Facebook Коментари