Нарушен јавниот ред и мир во Охрид и кривична за охриѓанец за бесправно градење

- Локални, Хроника
206

На 04.11.2024 во 19.39 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Прва македонска ударна бригада” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување на С.К. кон И.Ш.(68), двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.М.(74) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. На катарстарска парцела на улица „Даме Груев” во Охрид, пријавениот бесправно и спротивно на одобрениот проект извршил градба на семејна куќа.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари