На 28.08.2023 во 13.00 часот во Полициското одделение Велешта, Е.С.(40) од с.Лабуништа, струшко, пријавила дека на 27.08.2023 во 17.20 часот во с.Лабуништа, нјезиниот малолетен син бил физички нападнат од С.Т. од с.Лабуништа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.08.2023 во 18.35 часот во Полициската станица Струга, Г.К.(48) од с.Враништа, струшко, пријавил дека во водите на Охридското Езеро неговата малолетна ќерка била нападната од куче сопственост на Б.Б. од Струга. Се работи на расчистување на случајот.
На 23.08.2023 во ОВР Струга, 32-годишен маж од Струга пријавил дека неговата сопруга, со која бил во бракоразводна парница, без негова согласност и знаење го земала малолетниот син и ја напуштила државата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Извор: СВР Охрид, фото: Архива
Facebook Коментари