Криминалната полиција Струга поднесе кривична пријава против 34-годишниот Н.Р. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Пријавениот во продавница во селото Плитишта пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 1000 денари, истотака било утврдено дека пријавениот пуштил во оптек повеќе банкноти во продавници во повеќе градови во државата.
извор: МВР
Facebook Коментари