Охриѓанец со возило се обидел да влезе во казино во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишниот К.Р. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

– На први овој месец, околу 00:20 часот пријавениот, управувајќи патничко возило, се обидел со возилото со голема брзина да влезе во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид, информираат од МВР.
извор: МВР
фото: архива

