Лев банер Десен банер

Охриѓанец со возило удрил постара жена додека возела велосипед

На 16.10.2024 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(55) удрило во велосипед управуван од А.Г.Ц.(60), двајцата од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Г.Ц., констатирани во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: