ОВР Струга поднесе кривична пријава против охриѓанец поради неовластено производство и трговија со дрога
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.М. (39) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Според информациите од полицијата, при преглед извршен на магистралниот пат Подмољје–Струга, полициските службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана.
Лицето било приведено, а дрогата е одземена за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Е.М. е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

