Лев банер Десен банер

Пешак загина на магистралниот пат Подмоље–Струга

На 16.02.2026 година во 06:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат Подмоље–Струга се случила сообраќајна несреќа во која животот го загубил 75-годишен пешак.

Според информациите, товарно возило „ман“, управувано од А.А. (52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д. (75) од струшкото село Ливада. Од здобиените повреди, пешакот починал на местото на несреќата.

Лекар од Итната медицинска помош во Струга констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Струга.

Претходно, во 06:05 часот било пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево, при што било посочено дека имал здравствени проблеми.

Се преземаат мерки за расветлување на настанот, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: