Почина 54 годишниот Игор Југ, еден од осудените за случувањата во Собранието на 27ми април. Информацијата ја потврдуваат од Управата за извршување санкции од каде велат дека пред да настапи смртта на Југ му се слошило додека го славеле роденденот на неговата ќерка.
Издржуваше затворска казна од 12 години, а според некои извори барал повторно судење за „27 април“ со тврдење дека не го загрозил уставниот поредок на Македонија, ниту сторил терористичко загрозување.
Отслужи осум години од затворската казна, а во моментот кога настапила смртта бил на отпуст поради влошено здравје.
StrugaOnline
Facebook Коментари