Вокалистот на „Продиџи“, Кит Флинт почина во 49-та година од животот.
Пејачот утрово бил пронајден мртов во неговиот дом во Есекс.
Портпаролот на полицијата во Есекс потврди дека во 8.10 часот утрово на адреса во Брук Хил бил пронајден починат човек во приватен дом.
-Смртта не се третира како сомнителна и ќе биде подготвен извештај за она што е констатирано на самото место, велат од полицијата.
Флинт неодамна се врати од турнеја од Австралија, и требаше да замине на турнеја во САД во мај.
Извор: novatv.mk
фото: архива
Facebook Коментари