Почина македонската радиоводителска и ДЈ-ска легенда Драган Б. Костиќ
Утринава, сабота (20.Декември) по кратко боледување на 75 годишна возраст почина македонската радиоводителска легенда Драган Б. Костиќ.
– Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ, сопруг, татко и дедо, на 75-годишна возраст. Поменот ќе се одржи утре, недела, 21 декември од 12:30 до 13:30 часот во капелата на гробиштата Бутел, информираат од семејството.
Изминатите неколку месеци ДраганБ. Костиќ ја биеше својата најголема животна битка од која за жал не излезе како победник.
Човекот кој илјадници часови и пет децении зад радиомикрофонот ја забавуваше, информираше едуцираше својата многубројна публика… И не престана да го прави тоа дури во пензија.
Својата кариера ја започнал во Македонското радио во 70-тите. Тој беше најпознат како водител од „Радио урнебес“, преку „Диско селектор“, и „Заборави ако можеш“, па се’ до „Кавервил“ со кое неколку години имаше соработка со најслушаното радио во Струга и Охрид – Плеј Радио 90.4 ФМ, „Чартфајл“, „Б.“… но и проектот чија приказна никогаш не беше до крај раскажана „Сто приказни за сто песни“.

