На 1-ви јануари во Градската болница во Белград почина познатиот актер Марко Николиќ – објави Радио телевизија Србија. Оваа вест на социјалните мрежи ја потврди и ќерката на актерот.
Николиќ е роден на 20-ти октомври 1946 година во Краљево.
Дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Беше член на Народниот театар од 1970 година, а играше и на филм и на телевизија.
Најпознат е по улогата на Драгиша Попадиќ, викан „Гига Моравац“, од серијата „Подобар живот“.
Телевизиска слава му донесе и улогата на Караѓорѓе, чиј лик го толкуваше во серијата „Вук Караџиќ“, но и во телевизиската драма „Смртта на Караѓорѓе“ и телевизиската серија „Театар на Србите“. Ликот на Караѓорѓе го играше и во филмот „Шејтанов војник“.
Успешни и незаборавни улоги оствари и во филмовите „Монтевидео, бог те видео“, „Наскоро ќе биде пропаст на светот“, „Диви години“, „Ужичка република“, „Бошко Буха“, „Петриин венец“ и многу други.
Добитник е на наградата „Павле Вујисиќ“, што ја доделува Здружението на филмски глумци на Србија за животно дело.
Strugaonline
Facebook Коментари