Лев банер Десен банер

Почина познатиот виолинист Зоран Џорлев, ја загуби битката со вирусот ковид 19

Поради компликации од вирусот ковид 19, почина маестро Зоран Џорлев, еден од најдобрите македонски виолинисти, вокален изведувач и професор.
Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година.  Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина. Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје. Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.

error: