Лев банер Десен банер

Полицијата приведе возач од Драслајца, управувал со 1,92 промили алкохол во крвта

На 23.07.2026 во 21:57 часот на регионалниот пат Охрид – Струга, во близина на струшкото село Мислешево, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ѓ.Л.(38) од струшкото село Драслајца. При контрола во патниот ссообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Мицубиши” со струшки регистарски ознако, кое го правувал и притоа кај него констатирале 1,92 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по насока на јавен обвинител одземено му е возилото. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило”.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: