Полицијата пронајде марихуана кај лице од Луково во Струга

- Локални, Хроника
726

На 18.09.2024 во 14.45 часот на улица „Партизанска” во Струга, полициски службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го приведоа Г.К.С.(21) од струшкото село Луково затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари