Полицијата пронајде марихуана кај охриѓанец на улицата „Нико Нестор“ во Струга

На 16.01.2025 во 19.45 часот на улица „Нико Нестор” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле Е.М.(22) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
