Поранешна партнерка пријавила лице од Гевгелија за закани и измама со кредити
На 09.11.2025 во СВР Охрид е извршен службен разговор со В.К.(40) од Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 47-годишна партнерка дека агресивно се однесувал кон неа и ѝ упатувал закани. Исто така, според пријавеното, тој ја измамил поранешната партнерка на тој начин што ја убедил да земе крeдити за него, по што одбивал да ги плаќа ратите.
По целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

