Пожар во напуштена куќа и патничко возило во Охрид

- Локални, Хроника
345

На 04.02.2025 во 16.36 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во напуштена куќа на улица „7 Ноември” во Охрид. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Увид бил извршен.

На 04.02.2025 во 09 часот, на улица „Егејска” во Охрид настанал пожар во патничко возило „форд” со дебарски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(64) од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Увид бил извршен.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари