Лев банер Десен банер

Пожар во товарно возило во круг на деловен објект во Струга, нема повредени

На 09.02.2025 година, во 08:20 часот, во ОВР Струга било пријавено дека во кругот на деловен објект во Струга избувнал пожар во товарно моторно возило марка „Мерцедес“, со охридски регистарски ознаки.

Возилото е во сопственост на правен субјект од Охрид. Според информациите, во настанот нема повредени лица.

На местото на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, која го локализирала и изгаснала пожарот, при што е спречено негово понатамошно ширење.

Причините за избувнувањето на пожарот се утврдуваат, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: