Пријава за лице од Вевчани кое седум години работело како лекар во Општата болница во Охрид без лиценца

- Локални, Хроника
1559

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Р.(44) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”.

Пријавениот, вработен лекар во ЈЗУ „Општа болница” во Охрид, не ја исполнил својата законска обврска за продолжување на лиценцата за работа со важност од 28.02.2015 до 28.02.2022 и продолжил со работа без да поседува лиценца за работа.

Истовремено, тој примал редовен месечен надоместок за плата и други додатоци, со што ја оштетил Јавната здравствена установа.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари