Пријава за Охриѓанец кој се однесувал агресивно и кршел стаклени предмети во угостителски објект на улицата „Св. Климент Охридски“

- Локални, Хроника
155

На 01.05.2025 година во 16.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на улицата „Св.Климент Охридски” во Охрид, Р.Ч. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и кршење на стаклени предмети.

Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари